Наставен кадар
Предметен наставник
Доц. д-р Елизабета Касапова
| Предметна програма од интегрирани петгодишни студии (студии од прв и втор циклус) – Архитектура | |
|---|---|
| Наслов на наставниот предмет | Архитектура и уметност во Македонија |
| Код | 4.10.78 |
| Студиска програма | Архитектура |
| Организатор | УКИМ – Архитектонски факултет – Институт за заштита на градителско наследство и историја на архитектурата |
| Степен | Втор циклус на студии |
| Академска година / семестар | IV год. / 7 и 8 семестар |
| Број на ЕКТС | 4 (2+2) |
| Наставник | Доц. д-р Елизабета Касапова |
| Предуслов | Историја на архитектура и уметност 4 |
| Цели на предметната програма |
– Активно знаење, аналитичен и конструктивен пристап кон градителското и уметничко наследство; – Препознавање, одбирање и евалуација на фактите за архитектонските концепти во синхрониска и дијахрониска насока; – Прифаќање на пораките од историското наследство како фактор за градење на личен градителски јазик и култура. |
| Содржина на програмата |
Изучување на историско-теориските поставки на архитектурата, урбанизмот и уметноста во Македонија (од предисторија до XIX век), со акцент на: – Влијание на климатско-географски, општествено-политички и религиски контекст; – Развој и трансформации на урбаните концепти и архитектонските типологии; – Архитектонска композиција и компонирање; – Обликување според материјалните и технолошките можности; – Уметност во Македонија (скулптура, рељеф, ѕидно сликарство, резба) во релација со архитектонскиот простор. Наставни единици: |
| Методи на учење |
Методи на анализа (компарација, емпирија, генерализација, апстракција, хронологија), методи на синтеза, метод на учење во реален контекст |
| Вкупен фонд на часови | 100 (50+50) |
| Распределба на времето | 60+0+0+10+30 часови |
| Форми на наставни активности | Предавања: 60 ч., Вежби: 0 ч. |
| Други активности | Проектни задачи: 0 ч., Самостојни задачи: 10 ч., Домашно учење: 30 ч. |
| Начин на оценување |
Колоквиуми: 80 б. Семинарска работа: 10 б. Присуство: 10 б. |
| Критериуми за оцена |
до 50 б. = 5 (F) 51–60 б. = 6 (E) 61–70 б. = 7 (D) 71–80 б. = 8 (C) 81–90 б. = 9 (B) 91–100 б. = 10 (A) |
| Услов за потпис и завршен испит | 41 бод (51 во зимски семестар) |
| Јазик | Македонски |
| Метод на следење на квалитетот | Анкети и самоевалуација |
| Литература |
Задолжителна: 1. Микулчиќ, И., Антички градови во Македонија, книга 8, МАНУ, 1999 2. Коруновски, С., Димитрова, Е., Византиска Македонија, Милано-Скопје, 2006 3. Архитектурата на почвата на Македонија, книга 9 и 10, МАНУ, 2000 Дополнителна: |

