За факултетот
Во своето 75 годишно постоење Архитектонскиот факултет во Скопје изгради високи стандарди за едукација. На студентите им овозможува најквалитетно изучување на теориските и практичните знаења од областите на архитектонското проектирање, историјата и теоријата на архитектурата и уметностите, урбанизмот и урбанистичкото планирање и проектирање, архитектонските конструкции, современите технологии на градење и методите за управувањето со процесите на проектирање и градење и им овозможува на студентите да се стекнат со високи стручни и професионални компетенции согласно највисоките европски стандарди.


Студиски програми
Студиските програми на Архитектонскиот факултет во Скопје нудат современо образование во областа на архитектурата и урбанизмот, комбинирајќи теоретски знаења, креативен дизајн и практична настава. Програмите се дизајнирани да ги подготват студентите за професионален развој и активно учество во современото општество.
Додипломски студии од прв циклус по архитектура (2023 – 2028)
Постдипломски студии од прв циклус по архитектура (2023 – 2028)
Интегрирани пет годишни студии од прв и втор циклус по архитектура (2018 – 2023)
Трет циклус – докторски студии по архитектура и урбанизам (2021 – 2026)

Праксa
Стекни се со практични знаења и искуства преку работа на вистински проекти во соработка со компании и институции од градежниот сектор.
Јавен повик за практикантство (ангажирање на практиканти од Градежен и Архитектонски факултет) во Општина Центар – Скопје.
Јавен повик за практикантство (ангажирање на практиканти од Градежен и Архитектонски факултет) во Хамбург.
Повик за пракса на дипломирани студенти. Обука, дизајн и управување со урбани средини.
Огласна табла
Огласната табла е твоето место за информирање –
запознај се со најновите настани, конкурси, работилници
и важни известувања поврзани со Архитектонскиот факултет.
Биди во тек со сè што се случува!




