Наставен кадар
Предметен наставник
Проф. д-р Анета Христова-Поповска
Доц. д-р Михалјо Зиноски
Учесници во наставата
- Асист. м-р Мери Батакоја
Соработници
- Елена Тасевска
| Наставен план/програма на предметот – Архитектонско студио 6-2 | |
|---|---|
| Код | 3.2.6-2 |
| Студиска програма | Архитектура |
| Организатор |
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Архитектонски факултет – Скопје Институт за архитектонско проектирање |
| Степен | Прв циклус на студии |
| Академска година/семестар | III год./ 6 сем. |
| Број на ЕКТС | 8 |
| Наставници |
Проф. д-р Анета Христова-Поповска Доц. д-р Михајло Зиноски |
| Предуслов | Архитектонско студио 5 |
| Цели на програмата |
Студентите се обучуваат за практична проектантска примена на теоретските знаења за специфичните проектантски аспекти кај зградите од областа на културата за различни програмски сценарија во конкретен физички контекст. |
| Содржина |
Наставата се состои од практичен проектантски дел и инструкции во врска со проектантската стратегија и методите применливи за конкретната проблемска ситуација. Во текот на шестиот семестар индивидуално или во тим студентите изготвуваат идеен архитектонски проект, во кој основната проектна програма е од областа на културата (музеи, театри, опери, концертни дворани, кина и библиотеки) со можност за комбинирање на програми кои според обемот и комплексноста соодветствуваат на претходно стекнатите знаења и вештини. Проектот се изготвува во консултации со стручњаци за комплементарните области кои ги синтетизираат клучните аспекти во програмирањето, планирањето и обликувањето на зградите. |
| Методи на учење | Методи на системска анализа, апстракција и декомпозиција на проектниот проблем и негово структурирање во математичко-логички формални обрасци – дијаграми, методи на формализација на социјалните и просторни конфигурации во различни типолошки и морфолошки шеми и други креативни, развојни методи кои ја третираат проблемската ситуација, на урбан и архитектонски размер. |
| Фонд на часови | 200 часови |
| Распределба на време | 15+75+45+45+20 часови |
| Форми на наставни активности |
|
| Други форми на активност |
|
| Начин на оценување |
|
| Критериуми за оцена |
до 50 бодови – 5 (F) 51–60 бодови – 6 (E) 61–70 бодови – 7 (D) 71–80 бодови – 8 (C) 81–90 бодови – 9 (B) 91–100 бодови – 10 (A) |
| Услов за потпис и испит | 41 бод |
| Јазик на кој се изведува наставата | Македонски |
| Метод на следење на квалитетот на наставата | Анкети на студентите и процес на самоевалуација |
| Литература |
Задолжителна:
Дополнителна:
|

