Наставен кадар

Предметен наставник

Доц. д-р Страхиња Трпевски

Предметна програма од интегрирани петгодишни студии (студии од прв и втор циклус) – Архитектура
Наслов на наставниот предмет Економија и управување со инвестициски објекти
Код 4.13.8
Студиска програма Архитектура
Организатор УКИМ – Архитектонски факултет – Институт за високоградба
Степен Втор циклус на студии
Академска година / семестар IV год. / 8 семестар
Број на ЕКТС 2
Наставник Доц. д-р Страхиња Трпевски
Предуслов Менаџмент и организација на инвестициската изградба
Цели на предметната програма Воведување на студентите во економските аспекти на менаџирањето на инвестициските проекти со цел оспособување за учество во фазите на договорниот менаџмент.
Содржина на програмата – Стандарди и методи на процесни системи за управување при развивање на проекти и проектна документација
– Пазар и пазарна економија – поим и дефиниција
– Капитал, видови на капитал и форми на управување со капитал
– Финансии, финансиски системи и финансиско работење
– Менаџирање на финансии во инвестициони проекти
– Изработки на понуда и менаџирање на тендерска документација
– Процена на трошоци и модели на процена на трошоци
– Договори, видови и содржина на договори
– ФИДИЦ-ови услови и договорен менаџмент
– Наплата за извршена работа, основи за наплата, реализација на барања за надомест и решавање на спорови
Методи на учење Аудиторна настава, интерактивна настава, аналитичка фрагментација низ тематска вежба
Вкупен фонд на часови 50 часови
Распределба на времето 30+0+10+10+0 часови
Форми на наставни активности Предавања: 30 ч., Вежби: 0 ч.
Други активности Проектни задачи: 10 ч., Самостојни задачи: 10 ч., Домашно учење: 0 ч.
Начин на оценување Колоквиуми 2 (30+30 б.) – 60 б.
Графички вежби / Програмска задача – 30 б.
Присуство предавања: 5 б., присуство вежби: 5 б.
Вкупно: 100 б.
Критериуми за оцена до 50 б. = 5 (F)
51–60 б. = 6 (E)
61–70 б. = 7 (D)
71–80 б. = 8 (C)
81–90 б. = 9 (B)
91–100 б. = 10 (A)
Услов за потпис и завршен испит 41 б.
Јазик Македонски
Метод на следење на квалитетот Анкети и самоевалуација
Литература Задолжителна:
– Шуклев, Бобек: Менаџмент
– Фити, Таки: Современи пазарни стопанства
– Спасов Синиша: Финансиски менаџмент
– Поп-Георгиев, Димитар: Облигационо право
– Бојковски, Зоран: Менаџмент на инвестициони проекти во транзиционо општество (магистерски труд)
Дополнителна:
(нема дополнителна наведена)