Наставен кадар

Предметен наставник

Проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев

Предметна програма од интегрирани петгодишни студии (студии од прв и втор циклус) студии по архитектура
1. Наслов на наставниот предмет Геоинформациски системи
2. Код 1.8.1
3. Студиска програма Архитектура
4. Организатор на студиската програма Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје
Архитектонски факултет – Скопје
5. Степен Прв циклус на студии
6. Академска година/семестар I год. / 1 сем.
7. Број на ЕКТС 2
8. Наставник Проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев
9. Предуслов за запишување Нема
10. Цели на предметната програма Приоритетните цели предметот ги лоцира во осознавањето, значењето и непреченото користење на геодетските и катастарските планови, топографските карти и другите графички продукти базични во планирањето и уредувањето на просторот.
Се имплементираат приодите за конвертирање на конвенционалната 2Д и 3Д документацијата во форми компатабилни со ГеоИС и CAD технологиите, како и подготовка и манипулација со векторски просторни форми.
11. Содржина на програмата Моделирања со просторни податоци. Геодетски планови и топографски карти. Содржина и облици за публикација. Дигитална структура. Дигитални теренски модели.
Обликување на просторни појави и нивна примена во проектирања и уредувања, реставрација на културни добра, анализи и статистики.
КОМПАТИБИЛНОСТ со софтверски платформи во автоматските урбанистички проектирања. Правни норми. Сопственост. Верификација на просторна подлога.
12. Методи на учење Наставата ќе се одвива преку предавања и вежби со интерактивност. Вежбите ќе се држат во групи.
13. Вкупен фонд на часови 50 часови
14. Распределба на време 15+15+10+10+0 часови
15. Форми на наставни активности Предавања: 15 часа
Вежби: 15 часа
16. Други активности Проектни задачи: 10 часа
Самостојни задачи: 10 часа
Домашно учење: 0 часа
17. Начин на оценување Колоквиуми: 2 (30+30 бодови) = 60 бодови
Графички вежби: 30 бодови
Присуство (предавања и вежби): 10 бодови
18. Критериуми за оцена До 50 бодови = 5 (F)
51–60 бодови = 6 (E)
61–70 бодови = 7 (D)
71–80 бодови = 8 (C)
81–90 бодови = 9 (B)
91–100 бодови = 10 (A)
19. Услов за потпис 41 бод
20. Јазик на наставата Македонски
21. Метод на следење Анкети на студентите и процес на самоевалуација
22. Литература Задолжителна литература:
1. Геоинформациони системи, учебник, Ванчо Ѓорѓиев
2. Топографски планови, учебник, Илија Живковиќ
3. Применета геодезија, учебник, Ристо Рибаровски