Наставен кадар
Предметен наставник
(според понудената програма на интегративното студио)
| Наставен план/програма на предметот – Интегративно студио | |
|---|---|
| Код | 5.1.9 |
| Студиска програма | Архитектура |
| Организатор на студиската програма | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Архитектонски факултет – Скопје |
| Степен | Втор циклус на студии |
| Академска година / семестар | V година / IX семестар |
| Број на ЕКТС | 12 |
| Наставник | Студентите бираат наставник според понудената програма на интегративното студио |
| Предуслов за запишување на предметот | Студио 8 |
| Цели на предметната програма (компетенции) | Интегрирање на знаењето од досегашните и различните програмски подрачја на архитектурата преку изучување на архитектонскиот проект и негова апликација на различни програмски конфигурации, како и преиспитување на оперативните стратегии и ревидирање на проектните парадигми. |
| Содржина на програмата | Во зависност од тематската определба во проектот се интегрираат различни програмски подрачја кои го чинат мултидисциплинарен проект преку кој се преиспитуваат моделите и методите низ кои се мисли и практикува архитектурата. Проектот се темели на мултипликација на различните нивоа на архитектурата од објект до територија низ различни мерила. |
| Методи на учење | Предавања за клучните теми од процесот на проектирање, како и на паралелните тематски подрачја поврзани со проектот. Презентации, критики, индивидуални и групни консултации во различните фази на проектот за поттикнување на критичка дебата и развој на проектот. |
| Вкупен расположив фонд на часови | 300 часови |
| Распределба на расположивото време | 15 + 105 + 60 + 60 + 60 часови |
| Форми на наставни активности |
Предавања – теоретска настава: 15 часови Вежби (графички, аудиториски и индивидуални): 105 часови |
| Други форми на активност |
Проектни задачи: 60 часови Самостојни задачи: 60 часови Домашно учење: 60 часови |
| Начин на оценување |
Графички вежби: 80 бодови Програмска задача: 10 бодови Присуство на предавања и вежби: 10 бодови Вкупно: 100 бодови |
| Критериуми за оценување (бодови – оцена) |
до 50 бодови – 5 (F) 51–60 бодови – 6 (E) 61–70 бодови – 7 (D) 71–80 бодови – 8 (C) 81–90 бодови – 9 (B) 91–100 бодови – 10 (A) |
| Услов за потпис и полагање на завршен испит | 41 бод |
| Јазик на кој се изведува наставата | Македонски |
| Метод на следење на квалитетот на наставата | Анкети на студентите и процес на самоевалуација |
| Литература |
Задолжителна литература: (се наведува во зависност од проектот) Дополнителна литература: |

