Наставен кадар

Предметен наставник

Доц. д-р Елизабета Касапова

Учесници во наставата

Александра Алексовска

Предметна програма од интегрирани петгодишни студии (студии од прв и втор циклус) – Архитектура
Наслов на наставниот предмет Конзервација и реставрација на градителското наследство
Код 4.12.8
Студиска програма Архитектура
Организатор УКИМ – Архитектонски факултет – Институт за заштита на градителско наследство и историја на архитектурата
Степен Втор циклус на студии
Академска година / семестар IV год. / 8 семестар
Број на ЕКТС 3
Наставник Доц. д-р Елизабета Касапова
Предуслов Документирање и истражување на градителското наследство
Цели на предметната програма • Основни знаења за причините за деградација и пропаѓање на објектите и целините
• Видови на методи за конзервација и реставрација и нивна примена
• Теориско-практични пристапи за консолидација и обновување за современа намена
Содржина на програмата Вовед: конзервацијата како културен и филозофски проблем; архитектонска конзервација и реставрација; урбана конзервација и реконструкција
1. Теорија и методологија: историски преглед, принципи, методи на конзервација и реставрација
2. Технологии: оштетување, стари и нови конструкции, патологија и лекување на материјали (камен, тула, малтери, дрво, армиран бетон), стабилност, консолидација, заштита од влажност, вибрации, биолошки агенси, пожар, катастрофи, војни
3. Методологија за изработка на проект за конзервација и реставрација
Методи на учење Предавања, теренско истражување, анализа и синтеза, студија на случај
Вкупен фонд на часови 75 часови
Распределба на времето 15+30+15+10+5 часови
Форми на наставни активности Предавања: 15 ч., Вежби: 30 ч.
Други активности Проектни задачи: 15 ч., Самостојни задачи: 10 ч., Домашно учење: 5 ч.
Начин на оценување Колоквиум 1: 30 б.
Графички вежби / Програмска задача: 60 б.
Присуство предавања: 5 б., присуство вежби: 5 б.
Вкупно: 100 б.
Критериуми за оцена до 50 б. = 5 (F)
51–60 б. = 6 (E)
61–70 б. = 7 (D)
71–80 б. = 8 (C)
81–90 б. = 9 (B)
91–100 б. = 10 (A)
Услов за потпис и завршен испит 41 б.
Јазик Македонски
Метод на следење на квалитетот Анкети и самоевалуација
Литература Задолжителна:
– Фелден, Бернард. Вовед во конзервација на културното наследство, Каламус, Скопје 2003/4
– Marasović, Tomislav. Aktivni pristup graditeljskom nasleđu, Split 1985
– Ashurst, John & Nicola. Practical building conservation. Vol 1-5, Gower Technical Press, 1990
Дополнителна:
– Вученовиќ, Светислав. Урбана и архитектонска конзервација, Београд, 2004
– Feilden, Bernard. Conservation of Historic Buildings, Oxford 2007
– Бранди, Чезаре. Теорија рестаурације, Београд, 2007