Компетенции со завршниот испит

Со завршниот испит студентот треба да покаже дека се стекнал со следниве компетенции:

  1. Истражување и анализа:

    • Знаења потребни за истражување и анализа на архитектонските и урбанистичките проблеми.
    • Способност за синтетизирање на наодите во аналитички ставови, оценки и проектантски решенија за различни степени на комплексност, размер и тип на простори.
  2. Теорија и историја на архитектурата:

    • Знаења за препознавање и примена на различни концепти од теоријата и историјата на архитектурата и урбанизмот во обликувањето на згради, градови и околина.
    • Имајќи предвид естетските барања, општествените потреби, техничко-инженерските стандарди и барањата поврзани со животната средина.
  3. Функционални и психолошки односи:

    • Знаења за функционалните, психолошките и сетилните односи меѓу луѓето и архитектонскиот простор.
    • Разбирање на улогата на формата, бојата, материјалите и новите технологии во обликувањето на просторот, архитектонските објекти и ентериерот.
  4. Градителско наследство:

    • Знаења за воспоставување соодветен однос кон градителското наследство при негово заштитување и ревитализација.
    • Применливост на овие знаења и при градење во непосредна близина на наследни објекти.
  5. Материјали, конструкции и енергетски биланси:

    • Познавање на основните принципи кои се однесуваат на материјалите, конструкциите, инсталациските системи и енергетските биланси.
    • Способност за нивна соодветна примена во проектирањето и изградбата на објектите.
  6. Реализација на објекти:

    • Познавање на фазите и начинот на реализација на објектите во дадениот општествен, правен и економски контекст.
  7. Графички стандарди и нормативи:

    • Умеење за употреба на графичките стандарди, нормативи и стандардите за пишан труд на ниво на магистерска работа.