Наставен кадар

Предметен наставник

Доц. д-р Добре Николовски

Учесници во наставата

  • Асист. м-р Филип Ценовски
Наставен план/програма на предметот – 3D Моделирање
Код 2.12.4
Студиска програма Архитектура
Организатор Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје
Архитектонски факултет – Скопје
Институт за графички комуникации
Степен Прв циклус на студии
Академска година/семестар II год. / 4 сем.
Број на ЕКТС 3
Наставник Проф. д-р Косто Мангароски
Предуслов Компјутерски помогнато проектирање (CAD/CAAD)
Цели на програмата Целта е студентите целосно да ги користат компјутерите за креативно и самостојно архитектонско проектирање.
Со примена на CAD/CAAD, 3DStudio и Artlantis, студентите ќе изработуваат тродимензионални модели и визуелизации.
Содржина

Студентите се запознаваат со:

  • Елементи на 3D графика и тродимензионална слика
  • Просторно цртање и графички операции (копирање, ротација, скалирање…)
  • Материјали, бои, текстури, светло, камера
  • Алатки за архитектонски конструктивни елементи
  • Библиотеки со архитектонски симболи
  • Пренос на податоци меѓу различни програми
  • Анимација, виртуелна реалност и панорама
Методи на учење Предавања со современи аудиовизуелни средства, работа на персонален компјутер, интерактивност преку задачи и индивидуална настава.
Посети на проектни организации и користење на современа литература и софтвер.
Фонд на часови 75 часа (15 предавања, 30 вежби, 15 проектни задачи, 15 самостојни задачи)
Оценување
  • Колоквиуми (2 × 30 бодови) – 60 бодови
  • Графички вежби – 30 бодови
  • Присуство (предавања и вежби) – 10 бодови

Услов за потпис и завршен испит: минимум 41 бод.

Критериуми за оцена

до 50 б. – 5 (F)
51–60 б. – 6 (E)
61–70 б. – 7 (D)
71–80 б. – 8 (C)
81–90 б. – 9 (B)
91–100 б. – 10 (A)

Јазик Македонски
Следење на квалитет Анкети на студентите и самоевалуација
Литература

Задолжителна:

  • Мангароски, К. Компјутерски помогнато архитектонско проектирање (CAD/CAAD), Скопје, 2008.

Дополнителна:

  • Упатства и литература за AutoCAD и ArchiCAD (во печатена и PDF форма).
  • Материјали од производителите на програмските пакети.
  • Користење на понови верзии на AutoCAD, ArchiCAD или други CAAD софтвери.