Наставен кадар

Предметен наставник

Доц. д-р Добре Николовски

Наставен план/програма на предметот – Компјутерски помогнато архитектонско проектирање / CAADII
Студиска програма Архитектура
Код 4.14.7
Организатор на студиската програма Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје
Архитектонски факултет – Скопје
Институт за графички комуникации
Степен Втор циклус на студии
Академска година / семестар IV / 7
Број на ЕКТС 1
Наставник Доц. д-р Добре Николовски
Предуслов за запишување на предметот 3D моделирање
Цели на предметната програма (компетенции) Студентите да стекнат напредни сознанија за компјутерско помогнато архитектонско проектирање (CAAD II) и друго графичко компјутерско комуницирање.
Содржина на програмата Просторно цртање со користење на компјутерски програми AutoCAD и ArchiCAD; брзо, прецизно и квалитетно изработување на повеќе решенија, со проверка, тестирање и корекција во текот на изработката; стекнување на напредни и продлабочени знаења од програмските пакети.
Методи на учење Примена на современи аудиовизуелни средства и најнови верзии на програмските пакети; предавања со видео бим и персонален компјутер; интерактивна подготовка и прашања од студентите; практична работа на портабл компјутери; посети на проектни организации и саеми.
Вкупен расположив фонд на часови 25 часови
Распределба на расположивото време 15+10+0+0+0 часови
Форми на наставни активности Предавања – 15 часови
Вежби (графички, аудиториски и индивидуални) – 10 часови
Други форми на активност Проектни задачи – 0 часови
Самостојни задачи – 0 часови
Домашно учење – 0 часови
Начин на оценување Колоквиуми – 0 бодови
Графички вежби – 30 бодови
Програмска задача – 30 бодови
Присуство на предавања – 20 бодови
Присуство на вежби – 20 бодови
Вкупно – 100 бодови
Критериуми за оцена (БОДОВИ-ОЦЕНА) до 50 – 5 (F)
51–60 – 6 (E)
61–70 – 7 (D)
71–80 – 8 (C)
81–90 – 9 (B)
91–100 – 10 (A)
Услов за потпис и полагање на завршен испит 41 бод
Јазик на кој се изведува наставата Македонски
Метод на следење на квалитетот на наставата Анкети на студентите и процес на самоевалуација
Литература Задолжителна литература:
– Авторизирани предавања: д-р К. Мангароски, “Компјутерски помогнато архитектонско проектирање /CAADII”, Скопје
– Проширена: друга литература за совладување на програмските пакети AutoCAD и ArchiCAD, печатена и електронска (.PDF)