Наставен кадар
Предметен наставник
Доц. д-р Добре Николовски
| Наставен план/програма на предметот – 3D Моделирање II | |
|---|---|
| Студиска програма | Архитектура |
| Код | 4.15.8 |
| Организатор на студиската програма |
Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје Архитектонски факултет – Скопје Институт за графички комуникации |
| Степен | Втор циклус на студии |
| Академска година / семестар | IV / 8 |
| Број на ЕКТС | 1 |
| Наставник | Доц. д-р Добре Николовски |
| Предуслов за запишување на предметот | 3D моделирање, Компјутерски помогнато архитектонско проектирање / CAADII |
| Цели на предметната програма (компетенции) | Студентите да стекнат знаења и вештини за напредно тродимензионално моделирање и проектирање со користење на CAAD програмските пакети (3DStudio и Artlantis), да можат самостојно и креативно да ги применуваат компјутерите во архитектонското проектирање, и да изготвуваат целосна визуелизација и тродимензионален приказ на моделирани објекти. |
| Содржина на програмата | Едитор за работа во три димензии; операции со графички елементи – копирање, растегнување, преместување, ротација, скалирање; поставување атмосфера, позадина, материјали, бои, текстури, светло, камера, виртуелен објект; тродимензионален приказ и комуникација; алатки за архитектонски конструктивни елементи; библиотеки со просторни симболи; трансфер на податоци меѓу програмски пакети; анимација, виртуелна реалност и панорама; напредни сознанија од 3DStudio и Artlantis. |
| Методи на учење | Примена на современи аудиовизуелни средства; користење на најнови верзии на програмските пакети; предавања со видео бим и персонален компјутер; интерактивна подготовка и прашања од студентите; практична работа на портабл компјутери; следење на најнови достигнувања преку посети на проектни организации, саеми и стручна литература. |
| Вкупен расположив фонд на часови | 25 часови |
| Распределба на расположивото време | 15+10+0+0+0 часови |
| Форми на наставни активности |
Предавања – 15 часови Вежби (графички, аудиториски и индивидуални) – 10 часови |
| Други форми на активност |
Проектни задачи – 0 часови Самостојни задачи – 0 часови Домашно учење – 0 часови |
| Начин на оценување |
Колоквиуми – 0 бодови Графички вежби – 30 бодови Програмска задача – 30 бодови Присуство на предавања – 20 бодови Присуство на вежби – 20 бодови Вкупно – 100 бодови |
| Критериуми за оцена (БОДОВИ-ОЦЕНА) |
до 50 – 5 (F) 51–60 – 6 (E) 61–70 – 7 (D) 71–80 – 8 (C) 81–90 – 9 (B) 91–100 – 10 (A) |
| Услов за потпис и полагање на завршен испит | 41 бод |
| Јазик на кој се изведува наставата | Македонски |
| Метод на следење на квалитетот на наставата | Анкети на студентите и процес на самоевалуација |
| Литература |
Задолжителна литература: – Авторизирани предавања: д-р К. Мангароски, 3D Моделирање / II, Скопје – Проширена: друга литература за совладување на програмските пакети 3DStudio и Artlantis, печатена и електронска (.PDF); дозволена употреба на понови верзии и други подобри програмски пакети. |

