IAESTE

Меѓународната асоцијација за размена на студенти за техничко искуство (IAESTE) е независна, непрофитна и неполитичка организација за студентска размена. Таа им овозможува на студентите со технички студии платена, поврзана со курсот обука во странство, а на работодавците им обезбедува високо квалификувани и мотивирани меѓународни практиканти. Со повеќе од 80 земји-членки и над 4000 разменети практиканти секоја година, таа е најголемата организација од ваков вид во светот.

EASA

Секоја година, од 1981 година наваму, стотици европски студенти по архитектура се собираат секое лето за да дискутираат и работат на теми поврзани со архитектурата, студент со студент. Овие летни школи ги организира EASA (European Architecture Students Assembly) и се одржуваат на нова локација со специфична тема за секоја година. За време на двете недели на собрание, визии и експерименти се развиваат преку работилници, менторирани и организирани од студентите по архитектура. Ова е важен и инспиративен собир, со опфат што надминува 400 учесници и организатори. Секој кој некогаш присуствувал на летна школа на EASA ќе има приказни за архитектурата, пријателството и новите идеи.

AEGEE

AEGEE е една од најголемите интердисциплинарни студентски организации во Европа, која се залага за демократска, разновидна и безгранична Европа. Како невладина, политички независна и непрофитна организација, AEGEE е отворена за студенти и млади луѓе од сите факултети и дисциплини. Основана во 1985 година во Париз, денес AEGEE прерасна во мрежа од 13.000 пријатели, присутна во 200 градови во 40 земји низ цела Европа.

Студентскиот парламент на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” – СПУКМ

Студентскиот парламент на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” – СПУКМ е здружение на граѓани од автономен, невладин и непартиски карактер формирано за слободно здружување на студентите, независно од нивната национална, верска и полова припадност и нивните политички убедувања. Работата на Студентскиот парламент при Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” е јавна. Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување на членовите на Студентскиот парламент за сите облици на работење, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување извештај за работата на органите и телата на Студентскиот парламент на универзитетот, и за материјалното финансиско работење.