Наставен кадар

Предметен наставник

Проф. м-р Елизабета Аврамовска
Вонр. проф. м-р Наташа Милованчев

Соработници

  • Дарко Драгановски
Наставен план/програма на предметот – Пластично обликување
Код 2.10.34
Студиска програма Архитектура
Организатор Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје
Архитектонски факултет – Скопје
Институт за заштита на градителското наследство и историја на архитектурата
Степен Прв циклус на студии
Академска година/семестар II год. / 3 и 4 сем.
Број на ЕКТС 4 (2+2)
Наставници Проф. м-р Елизабета Аврамовска
Вон. проф. м-р Наташа Милованчев
Предуслов Ликовно изразување
Цели на програмата Развивање на моќта за перцепција и визуелизација на просторот преку формата и бојата; поттикнување концептуално размислување и личен израз; развој на пластично-тродимензионално ликовно изразување и аплицирање на знаењата во архитектурата; истражување и експериментирање со сликарско-обликовни техники; услови за изразување на интелект, имагинација и фантазија.
Содржина

Прв семестар: Вовед; боја и нејзина улога; моделација и модулација; перспектива; студија на ентериер; сликарски техники (моливи во боја, пастел, темпера).

Втор семестар: Монохроматска и хроматска композиција; апстрахирање и поедноставување на форма; интервал и ритам; колаж и асамблаж; просторни модели; студија на екстериер/пејзаж; техники (акварел, колаж, картон, рециклирани материјали).

Практична настава: Графички прилози и апстрактни/реалистични вежби, трансформации на простори.

Методи на учење Анализа, компарација, редукција, синтеза и концептуалност. Аудиовизуелни предавања, вежби, гостувања на автори од уметноста, работни посети на изложби.
Фонд на часови 100 часа (30 предавања + 60 вежби + 10 домашно учење)
Оценување
  • Колоквиуми – 20 бодови
  • Графички вежби – 50 бодови
  • Присуство и активност – 30 бодови

Услов за потпис: 41 бод (51 бод во зимски семестар)

Критериуми за оцена

до 50 б. – 5 (F)
51–60 б. – 6 (E)
61–70 б. – 7 (D)
71–80 б. – 8 (C)
81–90 б. – 9 (B)
91–100 б. – 10 (A)

Јазик Македонски
Следење на квалитет Анкети на студентите и самоевалуација
Литература

Задолжителна:

  • Рудолф Арнхајм – Визуелно мислење, 1985
  • Рудолф Арнхајм – Уметност и визуелно опажање, 1987
  • Johannes Itten – Уметност боје, 1973
  • Василиј Кандински – За духовното во уметноста, 1995
  • Пол Кле – Записи о уметности, 1998
  • Herbert Read – Umjetnost danas, 1957
  • Монографии: Дега, Лотрек, Сезан, Ван Гог, Сера, Мунк, Пикасо, Брак, Матис, Кандински, Кле, Маљевич, Мондриан, Миро, Швитерс, Вархол и др.

Дополнителна:

  • Artlex Art Dictionary – http://artlex.com/
  • Color & Vision matters – http://www.colormatters.com/optics.html
  • The Principles of Harmony and Contrast of Colors – Michel-Eugène Chevreul, 1839 – http://www.handprint.com/HP/WC/book3.html#chevreul