Наставен кадар

Предметен наставник

Проф. д-р Минас Бакалчев
Доц. д-р Саша Тасиќ

Наставен план/програма на предметот – Архитектонско проектирање 3
Код 3.3.56
Студиска програма Архитектура
Организатор Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Архитектонски факултет – Скопје
Институт за архитектонско проектирање
Степен Прв циклус на студии
Академска година/семестар III год. / 5 и 6 сем.
Број на ЕКТС 4 (2+2)
Наставници Проф. д-р Минас Бакалчев
Доц. д-р Саша Тасиќ
Предуслов Архитектонско проектирање 2
Цели на програмата

Изучување на основните принципи на планирање и проектирање на објекти за индивидуално домување. Знаење и разбирање на основните типови на објекти за индивидуално домување, просторни и програмски карактеристики, нивните историски и современи контексти и развој на способност за нивно планирање, програмирање и проектирање.

Содржина
  1. Домување; поими, дефиниција; типологија, методологијата на проектирање.
  2. Повеќесемејна станбена зграда: принципи на проектирање; структура, содржина, форма; типологија на пристапи/комуникациски системи; композиција на план, постојани и променливи елементи. Станот како просторна/програмска единица: типологија, структура, организација, флексибилност, големина.
    • Архитектонска типологија: станбени блокови и станбени кули; особености на типот, композиција на план/структурни елементи/организација/обликување.
    • Преглед на прототипови на модерното домување и рецентни проекти.
  3. Домување во семејни куќи: еволуција на станбеното живеалиште; од вилата во модерното доба до новата едноставност на едносемејната куќа; модели на градски куќи: класичен концепт – Паладио, просторен план – Лос, слободен план – Ле Корбизје; куќи во природа; принципи на проектирање; преглед на прототипови и рецентни проекти.
  4. Домување во ниска густа станбена структура: молекуларна/линеарна/дворна; планирање на кластер енвиронменти;
    • Повеќесемејна ниска станбена структура: типологија, аспекти на групирање, урбани обрасци, пристапи, концепти на стан, меѓусебни релации;
    • Повеќесемејна станбена структура со комбинирани пристапи: диверзитет на типови на станови; слобода во обликувањето / нов станбен пејзаж; преглед на рецентни проекти на ниската густа изградба.
Методи на учење Предавања, анализи, компарации, истражувања, индивидуални и групни консултации.
Фонд на часови 100 (50+50) часови
Распределба на време 60+0+20+0+20 часови
Форми на наставни активности
  • Предавања – теоретска настава: 60 (30+30) часови
  • Вежби (графички, аудиториски и индивидуални): 0 часови
Други форми на активност
  • Проектни задачи: 20 (10+10) часови
  • Самостојни задачи: 0 часови
  • Домашно учење: 20 (10+10) часови
Начин на оценување
  • Колоквиуми: 40 бодови
  • Графички вежби / Програмска задача: 50 бодови
  • Присуство на предавања и вежби: 10 бодови
Критериуми за оцена до 50 бодови – 5 (F)
51–60 бодови – 6 (E)
61–70 бодови – 7 (D)
71–80 бодови – 8 (C)
81–90 бодови – 9 (B)
91–100 бодови – 10 (A)
Услов за потпис и испит 41 бод (51 бод во зимскиот семестар)
Јазик на кој се изведува наставата Македонски
Метод на следење на квалитетот на наставата Анкети на студентите и процес на самоевалуација
Литература

Задолжителна:

  • Macsai J. Housing, John Wiley & Sons, New York, 1976
  • Gausa M. Housing, New alternatives, New Systems, Birkhauser, Barcelona, 1997
  • Salazar J., Gausa M. Single family housing, The private domain, Birkhauser, Barcelona, 1997

Дополнителна:

  • Shervood R. “Modern housing prototypes”, HUP, Cambridge & London, 1978
  • Ранковиќ Ј. „Станбени кули“, Универзитет „Кирил и Методиј“, Скопје, 1975
  • Raumplan versus Plan Libre: Adolf Loos and Le Corbusier, 1919-1930, Spacial edition, Delft, University Press, 1991
  • Norberg-Schulc C., “Stanovanje – staniste, urbani prostor, kuća”, GK, Beograd, 1991
  • Alexander C., Chermaeff S. “Community and privacy”, Inc. Carden City, New York, 1965