Наставен кадар
Предметен наставник
Проф. д-р Влатко Коробар
Проф. д-р Мирослав Грчев
Проф. д-р Владимир Арсовски
Проф. д-р Јасмина Сиљаноска
Проф. д-р Виктор Пајвански
Доц. д-р Дивна Пенчиќ
Доц. д-р Слободан Велевски
| Наставен план/програма на предметот – Урбанистичко студио 1 | |
|---|---|
| Наслов на предмет | Урбанистичко студио 1 |
| Код | 4.1.7-4 |
| Студиска програма | Архитектура |
| Организатор | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Архитектонски факултет – Скопје Институт за урбанизам |
| Степен | Втор циклус на студии |
| Академска година/семестар | IV год. / 7 сем. |
| Број на EКТС | 9 |
| Наставници | Проф. д-р Влатко Коробар, Проф. д-р Мирослав Грчев, Проф. д-р Владимир Арсовски, Проф. д-р Јасмина Сиљаноска, Проф. д-р Виктор Пајвански, Доц. д-р Дивна Пенчиќ, Доц. д-р Слободан Велевски |
| Предуслов | Архитектонско студио 6 Урбанистичко планирање 2 |
| Цели на програмата | Основна цел на урбанистичкото студио е студентите да се соочат со реалната комплексност на градскиот феномен, да ги совладаат интердисциплинарните методи и техники за снимање и анализа на една градска ситуација и да ги употребат урбанистичките методи, техники и инструменти да создадат урбанистичко решение кое ќе овозможи хармоничен просторен развој на делот од градот. |
| Содржина на програмата | Содржина на студиската работа се сите професионални практики во урбанистичкото обликување на градот кои се нормирани во содржината на еден детален урбанистички план. Содржината на студиото е организирана во три методски целини:
1. Документациона основа; |
| Методи на учење | Наставата е во форма на студио кое претставува симулација на интердисциплинарна тимска работа преку истражување, анализа, синтеза, евалуација, програмска проекција и планско решение. |
| Вкупен фонд на часови | 225 часа |
| Распределба на времето | 15+105+90+0+15 часови |
| Форми на активност | Предавања – 15 часа Вежби – 105 часа Проектни задачи – 90 часа Самостојни задачи – 0 часа Домашно учење – 15 часа |
| Начин на оценување | Графички вежби и проектни задачи – 90 бодови Присуство на предавања и вежби – 10 бодови Колоквиуми – 0 бодови |
| Критериум за оцена | до 50 б. – 5 (F) 51–60 б. – 6 (E) 61–70 б. – 7 (D) 71–80 б. – 8 (C) 81–90 б. – 9 (B) 91–100 б. – 10 (A) |
| Услов за потпис | 41 бод |
| Јазик на настава | Македонски |
| Метод на следење на квалитетот | Анкети на студентите и процес на самоевалуација |
| Литература | Задолжителна: Важечка законска и подзаконска регулатива од областа на просторно и урбанистичко планирање. Литература користена на предметните програми од областа на урбанизмот. Дополнителна: |

