Наставен кадар

Предметен наставник

(според понудената програма на интегративното студио)

Наставен план/програма на предметот – Интегративно студио
Код 5.1.9
Студиска програма Архитектура
Организатор на студиската програма Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Архитектонски факултет – Скопје
Степен Втор циклус на студии
Академска година / семестар V година / IX семестар
Број на ЕКТС 12
Наставник Студентите бираат наставник според понудената програма на интегративното студио
Предуслов за запишување на предметот Студио 8
Цели на предметната програма (компетенции) Интегрирање на знаењето од досегашните и различните програмски подрачја на архитектурата преку изучување на архитектонскиот проект и негова апликација на различни програмски конфигурации, како и преиспитување на оперативните стратегии и ревидирање на проектните парадигми.
Содржина на програмата Во зависност од тематската определба во проектот се интегрираат различни програмски подрачја кои го чинат мултидисциплинарен проект преку кој се преиспитуваат моделите и методите низ кои се мисли и практикува архитектурата. Проектот се темели на мултипликација на различните нивоа на архитектурата од објект до територија низ различни мерила.
Методи на учење Предавања за клучните теми од процесот на проектирање, како и на паралелните тематски подрачја поврзани со проектот. Презентации, критики, индивидуални и групни консултации во различните фази на проектот за поттикнување на критичка дебата и развој на проектот.
Вкупен расположив фонд на часови 300 часови
Распределба на расположивото време 15 + 105 + 60 + 60 + 60 часови
Форми на наставни активности Предавања – теоретска настава: 15 часови
Вежби (графички, аудиториски и индивидуални): 105 часови
Други форми на активност Проектни задачи: 60 часови
Самостојни задачи: 60 часови
Домашно учење: 60 часови
Начин на оценување Графички вежби: 80 бодови
Програмска задача: 10 бодови
Присуство на предавања и вежби: 10 бодови
Вкупно: 100 бодови
Критериуми за оценување (бодови – оцена) до 50 бодови – 5 (F)
51–60 бодови – 6 (E)
61–70 бодови – 7 (D)
71–80 бодови – 8 (C)
81–90 бодови – 9 (B)
91–100 бодови – 10 (A)
Услов за потпис и полагање на завршен испит 41 бод
Јазик на кој се изведува наставата Македонски
Метод на следење на квалитетот на наставата Анкети на студентите и процес на самоевалуација
Литература Задолжителна литература:
(се наведува во зависност од проектот)

Дополнителна литература:
(се наведува во зависност од проектот)