Идејниот архитектонски проект
Идејниот архитектонски проект содржи два основни дела: текстуален и графички дел.
-
Текстуален дел:
- Преглед на вкупната содржина на проектот со нумерација на страниците.
- Проектна програма.
- Опис на архитектонскиот концепт.
- Опис на проектираните простори со нивните површини и вкупна површина на објектот.
- Опис на материјалите и архитектонските елементи.
-
Графички дел:
- Цртеж на градежната парцела и нејзината околина.
- Автомобилските и пешачките сообраќајни површини, зеленилото и обработката на партерот.
- Основи на сите подземни и надземни катови, вклучително и основа на покривот.
- Најмалку два карактеристични нормални вертикални пресека.
- Сите фасадни изгледи.
- Коти на сите димензии и растојанија битни за поставеноста на објектот во однос на регулационата и градежната линија.
- Границите на градежната парцела и соседните објекти или површини за градба.
- Конструктивни коти и вкупни коти на објектот во цртежите со основи.
- Висински коти на терен, заштитен тротоар, сите катови, полукатови и денивелации.
- Горниот венец и слемето во цртежите со пресеците.
- Површини на сите проектирани просторно-функционални целини и вкупната површина по катови.
- Описи на сите простори по нивната намена и диспозиција на опремата.

