Наставен кадар
Предметен наставник
Доц. д-р Елизабета Касапова
Учесници во наставата
Асист. м-р Ана Ивановска
| Наставен план/програма на предметот – Историја на архитектура и уметност 4 | |
|---|---|
| Код | 3.10.6 |
| Студиска програма | Архитектура |
| Организатор |
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Архитектонски факултет – Скопје Институт за заштита на градителско наследство и историја на архитектура |
| Степен | Прв циклус на студии |
| Академска година / семестар | III година / 6 семестар |
| Број на ЕКТС | 2 |
| Наставник | Доц. д-р Елизабета Касапова |
| Предуслов | Историја на архитектура и уметност 3 |
| Цели на предметот |
– Активно знаење и аналитички пристап кон архитектонското и уметничко наследство; – Препознавање и евалуација на категориите и значењата на архитектонските концепти; – Прифаќање на историското наследство како фактор во градење на личен градителски јазик и култура. |
| Содржина |
Историја на архитектура и уметност 4 ги обработува архитектурата и урбанизмот од крајот на XIX век до кризата на Модерната (1960-ти): – Општествено-политички, културни и технолошки влијанија; – Урбани концепти и архитектонски типологии; – Композиција и обликување според новите технолошки можности; – Влијание на уметнички правци врз архитектонската мисла. Наставни единици: Чикашка школа, Арт нуво, Виенска сецесија; творци (Адолф Лос, Петер Беренс…); авангардни правци (Кубизам, Баухаус…); големи мајстори (Френк Лојд Рајт, Ле Корбизје, Мис ван дер Рое…); криза на модерната и нови пристапи. |
| Методи на учење | Анализа, компарација, генерализација, апстракција, хронологија, синтеза, учење во реален контекст |
| Фонд на часови | 50 (30 предавања + 5 самостојни задачи + 15 домашно учење) |
| Оценување |
Колоквиуми (2×40) – 80 б. Семинарска работа – 10 б. Присуство и активност – 10 б. Услов за потпис: минимум 41 бод Скала: 5 (F) до 10 (A) |
| Јазик | Македонски |
| Метод на следење | Анкети и самоевалуација |
| Литература |
Задолжителна: 1. Frempton, Kenneth. Moderna arhitektura, kritička istorija. Orion, 2004. 2. Giedion, Sigfrid. Prostor, vreme, arhitektura. Građevinska knjiga, 2002. 3. Токарев, Михаил. 100 години модерна архитектура 1. Скопје, 2004. Дополнителна: |

