Компјутерскиот центар на Архитектонски факултет е формиран во 1991 година и е во постојано проширување со активностите во IT технологиите.
Компјутерската мрежа на факултетот ја хостираат 4 сервери, кои се во перманентна доградба со софтверски и хардверски решенија.
Екстензија на компјутерската мрежа претставува безжичната мрежа која пред сè е наменета за студентите на архитектонскиот факултет.
Од 2011 година Центарот прејде на Linux оперативна платформа и бележи проширување на серверската група на машини, со што ја следи развојната компонента на факултетот.
Серверската група на опрема се состои од: Домен сервер, Веб сервер, FireWall сервер, E-Mail сервер и Terminal сервер. Софтверот на серверите е на Windows платформа во еден мал дел и на Linux OS во поголемиот дел. Бесплатниот софтвер ќе биде застапен на нашиот портал. Овластените и регистрирани корисници ќе можат да го користат преку страницата: http://download.arh.ukim.edu.mk
Безжичната мрежа функционира од 17 локации во зградата и е пристапна за студентите, професорите и вработените на факултетот.
Пристапот е овозможен со лозинка: Student99.
Профилот на корисници перманентно се следи и сите недозволени конекции ќе бидат отстранети.
Хакирањето и менувањето на подесувањата во мрежата од неовластени лица се санкционира со поведување прекршочна постапка согласно законот.
За сите проблеми со IKnow системот можете да се обратите на:
stefanovski.vladimir@arh.ukim.edu.mk
или лично во компјутерскиот центар.
За центарот
Систем инженер и веб мастер
Владимир Стефановски, д.и.а.
📞 +389 78 332 663

