Наставен кадар
Предметен наставник
Доц. д-р Елизабета Касапова
Учесници во наставата
Александра Алексовска
| Предметна програма од интегрирани петгодишни студии (студии од прв и втор циклус) – Архитектура | |
|---|---|
| Наслов на наставниот предмет | Конзервација и реставрација на градителското наследство |
| Код | 4.12.8 |
| Студиска програма | Архитектура |
| Организатор | УКИМ – Архитектонски факултет – Институт за заштита на градителско наследство и историја на архитектурата |
| Степен | Втор циклус на студии |
| Академска година / семестар | IV год. / 8 семестар |
| Број на ЕКТС | 3 |
| Наставник | Доц. д-р Елизабета Касапова |
| Предуслов | Документирање и истражување на градителското наследство |
| Цели на предметната програма |
• Основни знаења за причините за деградација и пропаѓање на објектите и целините • Видови на методи за конзервација и реставрација и нивна примена • Теориско-практични пристапи за консолидација и обновување за современа намена |
| Содржина на програмата |
Вовед: конзервацијата како културен и филозофски проблем; архитектонска конзервација и реставрација; урбана конзервација и реконструкција 1. Теорија и методологија: историски преглед, принципи, методи на конзервација и реставрација 2. Технологии: оштетување, стари и нови конструкции, патологија и лекување на материјали (камен, тула, малтери, дрво, армиран бетон), стабилност, консолидација, заштита од влажност, вибрации, биолошки агенси, пожар, катастрофи, војни 3. Методологија за изработка на проект за конзервација и реставрација |
| Методи на учење | Предавања, теренско истражување, анализа и синтеза, студија на случај |
| Вкупен фонд на часови | 75 часови |
| Распределба на времето | 15+30+15+10+5 часови |
| Форми на наставни активности | Предавања: 15 ч., Вежби: 30 ч. |
| Други активности | Проектни задачи: 15 ч., Самостојни задачи: 10 ч., Домашно учење: 5 ч. |
| Начин на оценување |
Колоквиум 1: 30 б. Графички вежби / Програмска задача: 60 б. Присуство предавања: 5 б., присуство вежби: 5 б. Вкупно: 100 б. |
| Критериуми за оцена |
до 50 б. = 5 (F) 51–60 б. = 6 (E) 61–70 б. = 7 (D) 71–80 б. = 8 (C) 81–90 б. = 9 (B) 91–100 б. = 10 (A) |
| Услов за потпис и завршен испит | 41 б. |
| Јазик | Македонски |
| Метод на следење на квалитетот | Анкети и самоевалуација |
| Литература |
Задолжителна: – Фелден, Бернард. Вовед во конзервација на културното наследство, Каламус, Скопје 2003/4 – Marasović, Tomislav. Aktivni pristup graditeljskom nasleđu, Split 1985 – Ashurst, John & Nicola. Practical building conservation. Vol 1-5, Gower Technical Press, 1990 Дополнителна: – Вученовиќ, Светислав. Урбана и архитектонска конзервација, Београд, 2004 – Feilden, Bernard. Conservation of Historic Buildings, Oxford 2007 – Бранди, Чезаре. Теорија рестаурације, Београд, 2007 |

