Наставен кадар

Предметен наставник

Проф. д-р Косто Мангароски
Доц. д-р Бојан Каранаков

Наставен план/програма на предметот – Перспектива
Студиска програма Архитектура
Код 4.14.7
Организатор на студиската програма Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје
Архитектонски факултет – Скопје
Институт за графички комуникации
Степен Втор циклус на студии
Академска година / семестар IV / 7
Број на ЕКТС 1
Наставник Проф. д-р Косто Мангароски
Доц. д-р Бојан Каранаков
Предуслов за запишување на предметот Нацртна геометрија
Цели на предметната програма (компетенции) Студентите се запознаваат со основните принципи на централното проицирање, методите и постапките на цртање на перспек­тивните слики и друго графичко комуницирање.
Содржина на програмата Вовед, историјат на перспективата, централно проицирање, елементи на перспектива на точка, рамнина, геометриски тела; Недогледна и разделна точка; Цртање на перспектива со метода директни прободи; со метода упростена контура; со метода координатен систем; со метода спуштена основа.
Методи на учење Примена на класични и современи нагледни визуелни средства; обработка на материјата од студентите и интерактивни прашања на предавањата.
Вкупен расположив фонд на часови 25 часови
Распределба на расположивото време 15+10+0+0+0 часови
Форми на наставни активности Предавања – 15 часови
Вежби (графички, аудиториски и индивидуални) – 10 часови
Други форми на активност Проектни задачи – 0 часови
Самостојни задачи – 0 часови
Домашно учење – 0 часови
Начин на оценување Колоквиуми – 0 бодови
Графички вежби – 30 бодови
Програмска задача – 30 бодови
Присуство на предавања – 20 бодови
Присуство на вежби – 20 бодови
Вкупно – 100 бодови
Критериуми за оцена (БОДОВИ-ОЦЕНА) до 50 – 5 (F)
51–60 – 6 (E)
61–70 – 7 (D)
71–80 – 8 (C)
81–90 – 9 (B)
91–100 – 10 (A)
Услов за потпис и полагање на завршен испит 41 бод
Јазик на кој се изведува наставата Македонски
Метод на следење на квалитетот на наставата Анкети на студентите и процес на самоевалуација
Литература Задолжителна литература:
– Авторизирани предавања: д-р К. Мангароски, “Перспектива”, Скопје
– Проширена: ”Перспектива” од П. Анагности