Наставен кадар

Предметен наставник

Вон. проф. д-р Виктор Пајвански

Наставен план/програма на предметот – Соларна архитектура
Студиска програма Архитектура
Код 5.7.9; 5.8.9
Организатор на студиската програма Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје
Архитектонски факултет – Скопје
Институт за урбанизам
Степен Втор циклус на студии
Академска година / семестар V / 9
Број на ЕКТС 1
Наставник Вон. проф. д-р Виктор Пајвански
Предуслов за запишување на предметот нема
Цели на предметната програма (компетенции) Разгорување на професионалниот жар со проект со интернационална валидност според ИСО стандардите за проектирање на соларна архитектура.
Содржина на програмата – Архитектонски и урбанистички структури на соларна алтернатива и плуралистичен пристап
– Поединечна анализа на елементите од архитектонските структури за апликација на сончевата енергија
– Целосно дејство на структурите кои применуваат соларна алтернатива
– Самосвесно проектирање на архитектонските структури за примена на соларната енергија
– Семантичност на соларната архитектура
Методи на учење 1. Презентирање на искуства од минати проекти
2. Информирање на студентите за проектот
3. Когносцирање на просторот за проектирање – посета на локацијата, снимање, инвентаризација
4. Урбанистичка анализа и микроклиматска студија
5. Истражување на специфични карактеристики – идентитет на просторот
6. Разработка на предлог решение со работна макета
7. Консултации со наставници и студенти
8. Кристализација на добиените вредности во дизајн-стил
9. Дефинирање на синтезно решение во рамките на тимот
10. Изготвување на макета комбинирано со катер и мануелно
11. Презентација со PowerPoint
12. Цртање на проектна документација со Архикад и анимација
Вкупен расположив фонд на часови 25 часови
Распределба на расположивото време 15+10+0+0+0 часови
Форми на наставни активности Предавања – 15 часови
Вежби – 10 часови
Други форми на активност Проектни задачи – 0 часови
Самостојни задачи – 0 часови
Домашно учење – 0 часови
Начин на оценување Колоквиуми – 0 бодови
Графички вежби – 30 бодови
Програмска задача – 30 бодови (вкупно 60 бодови)
Присуство на предавања – 20 бодови
Присуство на вежби – 20 бодови (вкупно 40 бодови)
Критериуми за оцена (БОДОВИ-ОЦЕНА) до 50 – 5 (F)
51–60 – 6 (E)
61–70 – 7 (D)
71–80 – 8 (C)
81–90 – 9 (B)
91–100 – 10 (A)
Услов за потпис и полагање на завршен испит 41 бод
Јазик на кој се изведува наставата Македонски
Метод на следење на квалитетот на наставата Анкети на студентите и процес на самоевалуација
Литература Задолжителна литература:
Литературата се состои од интернет страници, книги, каталози во зависност од проектот кој се работи.
Дополнителна литература: