Наставен кадар

Предметен наставник

Професор од Филозофски факултет

Наставен план/програма на предметот – Урбана социологија
Студиска програма Архитектура
Код 4.15.8
Организатор на студиската програма Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје
Архитектонски факултет – Скопје
Степен Втор циклус на студии
Академска година / семестар IV / 8
Број на ЕКТС 1
Наставник Професор од Филозофски факултет
Предуслов за запишување на предметот нема
Цели на предметната програма (компетенции) Стекнување со теоретски знаења од социолошките проучувања на градовите, оспособување за самостојна работа и работа во институциите на државата и НВО.
Содржина на програмата Социологијата на градот: предмет, методи, значење; Градот низ просторот и времето; Социјалните проблеми и градот: урбана сиромаштија, поделеноста во градот, градот како социјална, економска и организациона форма; Урбаниот начин на живот – социо-психолошки пристап; Глобализација, диференцијација, хомогенизација (техно-град, сајбер-простор, мултикултурен град); Одржлив град; Градска заедница; Сегрегација – етнички и социјални карактеристики; Планирање на градот; Градот во постсоцијалистичките општества; Градовите во Македонија – социолошки, економски и просторни карактеристики.
Методи на учење Предавања, активно учество во вежби, подготовка на семинарски работи и есеи, можност за вклучување во проекти.
Вкупен расположив фонд на часови 25 часови
Распределба на расположивото време 15+10+0+0+0 часови
Форми на наставни активности 15.1 Предавања – 15 часови
15.2 Вежби (графички, аудиториски и индивидуални) – 10 часови
Други форми на активност 16.1 Проектни задачи – 0 часови
16.2 Самостојни задачи – 0 часови
16.3 Домашно учење – 0 часови
Начин на оценување 17.1 Колоквиуми – 0 бодови
17.2 Графички вежби / Програмска задача – 60 бодови
17.3 Присуство на предавања – 20 бодови
Присуство на вежби – 20 бодови
Вкупно – 40 бодови
Критериуми за оцена (БОДОВИ-ОЦЕНА) до 50 – 5 (F)
51–60 – 6 (E)
61–70 – 7 (D)
71–80 – 8 (C)
81–90 – 9 (B)
91–100 – 10 (A)
Услов за потпис и полагање на завршен испит 41 бод
Јазик на кој се изведува наставата Македонски
Метод на следење на квалитетот на наставата Анкети на студентите и процес на самоевалуација
Литература Задолжителна литература:
1. Aceski, I., (ред.), Sociologija na gradot, Филозофски факултет Скопје, 1996
2. Urbana sociologija, Sreten Vujovic и Mina Petrovic, Завод за уџбеници, Белград, 2005
3. Ацески, И., Скопје – Социолошка студија, Екопрес, Скопје, 1996
4. Ацески И, Матилов, Н., Развојот на урбаните центри во РМ, ИСППИ, Скопје, 1997
Дополнителна литература:
Градот во модерното општество (хрестоматија)