ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Потврди за магистерски тези ќе можат да се добијат, доколку се исполнети сите услови, само еднаш неделно, во петок.
Дотогаш можете да ги предадете укоричените Магистерски Тези и снимено ЦД или ДВД со ПДФ формат од Тезата, во Студентски Прашања.

Библиотеката функционира како посебна работна единица. Постои од формирањето на факултетите и бележи постојан подем во своето работење,
вбројувајќи се, во моментов, во редот на најуспешните високошколски библиотеки во земјава. Работи според важечките меѓународни библиотечни стандарди
и воведeна е компјутеризација на сите процеси, со што претставува современа информативно-документаристичка служба.

Услови за користење на библиотеката

Студентот може да позајмува книги само лично, со индекс заверен за тековната учебна година.
При секоја посета е задолжителна идентификацијата со индекс. На почеток на семестарот студентот добива печат за задолженост,
а на крајот на семестарот печат за раздолженост – што е услов за заверка на семестар.

Во еден момент може да се користат најмногу четири книги. Книгите во еден примерок се користат само во читална,
а по исклучок се изнајмуваат на еден ден со депонирање на индекс. Книгите со повеќе примероци се изнајмуваат на неколку дена,
во договор со библиотекарите. Списанијата, магистерските трудови и речниците се достапни само во просториите на библиотеката.

При отпис или завршување на студиите, студентот мора да ги врати сите позајмени материјали за да добие писмена потврда.

Услови за добивање на потврда од библиотека за уверение за магистер

  • Да се раздолжат сите книги во библиотеката.
  • Да се достави укоричена магистерска тема (А3 графички дел и А4 текстуален дел) во тврд повез со сива позадина и црн текст.
  • Да се достави ЦД или ДВД со два ПДФ фајла – текстуален и графички дел, со оптимизирана големина.

Мисија

Библиотеката на Архитектонскиот факултет спаѓа во редот на академските библиотеки и нејзината мисија е да ја поддржи мисијата на Факултетот,
овозможувајќи пристап до знаења и информации. Таа е активен партнер во промовирање на перманентното образование и информациската писменост.

Визија

Библиотеката ја гледаме како главен центар на знаења и промотор на новите тенденции во библиотекарството и информациските науки,
комбинирајќи традиционални и современи извори на информации.

Функција

Библиотеката врши набавка, обработка и средување на библиотечен материјал (книги, списанија, стандарди) според меѓународни стандарди,
овозможувајќи брз и едноставен пристап до информации.

Книжен фонд

Содржи стручна литература од областа на архитектурата и сродните науки. Со околу 10.000 книги и 6.000 списанија,
библиотеката е една од најбогатите високошколски библиотеки во земјата. Вклучува докторски и магистерски трудови, речници, прирачници, стандарди итн.

Корисници

Услугите ги користат студентите, наставниот кадар и останатите вработени.
Бројот на публикации и времетраењето на користење се ограничени според видот на материјалот.
Библиотеката, иако е од затворен тип, е достапна и за надворешни корисници во интерес на доброто библиотечно работење.

Посебни услуги

Постојана соработка со НУБ „Св. Климент Охридски“ овозможува користење на домашни и странски бази на податоци.
Вклучена е и во системот на меѓународна библиотечна позајмица.

Раководител на библиотека

д-р Меланија Шерденковска, инж.арх.урб.
Тел: +389/2/3116-328 / 155, +389/2/3116-367
Е-пошта: biblioteka@arh.ukim.edu.mk