Наставен кадар
Предметен наставник
Проф. д-р Косто Мангароски
Доц. д-р Бојан Каранаков
| Наставен план/програма на предметот – Перспектива | |
|---|---|
| Студиска програма | Архитектура |
| Код | 4.14.7 |
| Организатор на студиската програма |
Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје Архитектонски факултет – Скопје Институт за графички комуникации |
| Степен | Втор циклус на студии |
| Академска година / семестар | IV / 7 |
| Број на ЕКТС | 1 |
| Наставник | Проф. д-р Косто Мангароски Доц. д-р Бојан Каранаков |
| Предуслов за запишување на предметот | Нацртна геометрија |
| Цели на предметната програма (компетенции) | Студентите се запознаваат со основните принципи на централното проицирање, методите и постапките на цртање на перспективните слики и друго графичко комуницирање. |
| Содржина на програмата | Вовед, историјат на перспективата, централно проицирање, елементи на перспектива на точка, рамнина, геометриски тела; Недогледна и разделна точка; Цртање на перспектива со метода директни прободи; со метода упростена контура; со метода координатен систем; со метода спуштена основа. |
| Методи на учење | Примена на класични и современи нагледни визуелни средства; обработка на материјата од студентите и интерактивни прашања на предавањата. |
| Вкупен расположив фонд на часови | 25 часови |
| Распределба на расположивото време | 15+10+0+0+0 часови |
| Форми на наставни активности |
Предавања – 15 часови Вежби (графички, аудиториски и индивидуални) – 10 часови |
| Други форми на активност |
Проектни задачи – 0 часови Самостојни задачи – 0 часови Домашно учење – 0 часови |
| Начин на оценување |
Колоквиуми – 0 бодови Графички вежби – 30 бодови Програмска задача – 30 бодови Присуство на предавања – 20 бодови Присуство на вежби – 20 бодови Вкупно – 100 бодови |
| Критериуми за оцена (БОДОВИ-ОЦЕНА) |
до 50 – 5 (F) 51–60 – 6 (E) 61–70 – 7 (D) 71–80 – 8 (C) 81–90 – 9 (B) 91–100 – 10 (A) |
| Услов за потпис и полагање на завршен испит | 41 бод |
| Јазик на кој се изведува наставата | Македонски |
| Метод на следење на квалитетот на наставата | Анкети на студентите и процес на самоевалуација |
| Литература |
Задолжителна литература: – Авторизирани предавања: д-р К. Мангароски, “Перспектива”, Скопје – Проширена: ”Перспектива” од П. Анагности |

