Наставен кадар
Предметен наставник
Вон. проф. д-р Виктор Пајвански
| Наставен план/програма на предметот – Соларна архитектура | |
|---|---|
| Студиска програма | Архитектура |
| Код | 5.7.9; 5.8.9 |
| Организатор на студиската програма |
Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје Архитектонски факултет – Скопје Институт за урбанизам |
| Степен | Втор циклус на студии |
| Академска година / семестар | V / 9 |
| Број на ЕКТС | 1 |
| Наставник | Вон. проф. д-р Виктор Пајвански |
| Предуслов за запишување на предметот | нема |
| Цели на предметната програма (компетенции) | Разгорување на професионалниот жар со проект со интернационална валидност според ИСО стандардите за проектирање на соларна архитектура. |
| Содржина на програмата |
– Архитектонски и урбанистички структури на соларна алтернатива и плуралистичен пристап – Поединечна анализа на елементите од архитектонските структури за апликација на сончевата енергија – Целосно дејство на структурите кои применуваат соларна алтернатива – Самосвесно проектирање на архитектонските структури за примена на соларната енергија – Семантичност на соларната архитектура |
| Методи на учење |
1. Презентирање на искуства од минати проекти 2. Информирање на студентите за проектот 3. Когносцирање на просторот за проектирање – посета на локацијата, снимање, инвентаризација 4. Урбанистичка анализа и микроклиматска студија 5. Истражување на специфични карактеристики – идентитет на просторот 6. Разработка на предлог решение со работна макета 7. Консултации со наставници и студенти 8. Кристализација на добиените вредности во дизајн-стил 9. Дефинирање на синтезно решение во рамките на тимот 10. Изготвување на макета комбинирано со катер и мануелно 11. Презентација со PowerPoint 12. Цртање на проектна документација со Архикад и анимација |
| Вкупен расположив фонд на часови | 25 часови |
| Распределба на расположивото време | 15+10+0+0+0 часови |
| Форми на наставни активности |
Предавања – 15 часови Вежби – 10 часови |
| Други форми на активност |
Проектни задачи – 0 часови Самостојни задачи – 0 часови Домашно учење – 0 часови |
| Начин на оценување |
Колоквиуми – 0 бодови Графички вежби – 30 бодови Програмска задача – 30 бодови (вкупно 60 бодови) Присуство на предавања – 20 бодови Присуство на вежби – 20 бодови (вкупно 40 бодови) |
| Критериуми за оцена (БОДОВИ-ОЦЕНА) |
до 50 – 5 (F) 51–60 – 6 (E) 61–70 – 7 (D) 71–80 – 8 (C) 81–90 – 9 (B) 91–100 – 10 (A) |
| Услов за потпис и полагање на завршен испит | 41 бод |
| Јазик на кој се изведува наставата | Македонски |
| Метод на следење на квалитетот на наставата | Анкети на студентите и процес на самоевалуација |
| Литература |
Задолжителна литература: Литературата се состои од интернет страници, книги, каталози во зависност од проектот кој се работи. Дополнителна литература: – |

