Наставен кадар
Предметен наставник
Проф. д-р Мирослав Грчев
| Наставен план/програма на предметот – Урбанистичка и градежна легислатива | |
|---|---|
| Код | 5.6.9 |
| Студиска програма | Архитектура |
| Организатор на студиската програма |
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Архитектонски факултет – Скопје Институт за урбанизам |
| Степен | Втор циклус на студии |
| Академска година / семестар | V год. / 9 сем. |
| Број на ЕКТС | 2 |
| Наставник | Проф. д-р Мирослав Грчев |
| Предуслов за запишување | нема |
| Цели на предметната програма | Запознавање со законодавството кое го уредува просторното и урбанистичкото планирање, спроведувањето на плановите, уредувањето на просторот и градењето. Вовед во легислативата која е од суштинско значење за професионалното делување на архитектот планер, проектант, инспектор, надзор, ревидент, изведувач и инвеститор. |
| Содржина на програмата | Уставноправни рамки за планирањето, уредувањето и заштитата на животната средина. Просторен план и спроведување на просторниот план. Урбанистичко планирање и уредување на просторот. Градежно земјиште, земјоделско земјиште, шуми и води. Земјиште за општа употреба, јавни патишта, инфраструктури и комунални дејности. Сопственост и сопственички права, катастар и експропријација. Заштита на културното наследство, животната средина и природата. Градење и учествување во градењето: проектирање, ревизија, изведба, инвестиција, инспекција. Облигациони односи, управна постапка, трговски друштва, даноци, авторски права, професионална етика. |
| Методи на учење | Дескриптивна експозиција на конкретни закони, прописи и стандарди комбинирана со проблемска анализа на ситуации, процеси и процедури од различни области на професионалното делување на архитектот. |
| Вкупен расположив фонд на часови | 50 часови |
| Распределба на времето | 30+0+0+0+20 часови |
| Форми на наставни активности |
Предавања: 30 часови Вежби: 0 часови Проектни задачи: 0 часови Самостојни задачи: 0 часови Домашно учење: 20 часови |
| Начин на оценување |
Колоквиум 1: 80 бодови Присуство на предавања: 20 бодови Вкупно: 100 бодови |
| Критериуми за оцена (Бодови – Оцена) |
до 50 бодови – 5 (F) 51–60 бодови – 6 (E) 61–70 бодови – 7 (D) 71–80 бодови – 8 (C) 81–90 бодови – 9 (B) 91–100 бодови – 10 (A) |
| Услов за потпис и полагање | 41 бод |
| Јазик на кој се изведува наставата | Македонски |
| Метод на следење на квалитетот | Анкети на студентите и процес на самоевалуација |
| Литература |
Задолжителна литература: Збирка на закони, правилници, технички стандарди и други подзаконски акти од предметната област. Дополнителна литература: |

