Наставен кадар

Предметен наставник

Проф. д-р Слободан Велевски

Учесници во наставата

  • асист. Елена Андонова м-р арх.
  • демонст. Дарја Грнчароска студ.арх.
  • демонст. Емилија Бошковска студ.арх.
Наставен план/програма на предметот – Урбанистичко планирање 2
Код 3.8.56
Студиска програма Архитектура
Организатор Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Архитектонски факултет – Скопје
Институт за урбанизам
Степен Прв циклус на студии
Академска година/семестар III год. / 5 и 6 сем.
Број на ЕКТС 8 (4+4)
Наставник Проф. д-р Влатко Коробар
Предуслов Урбанистичко планирање 1
Цели на програмата Стекнување на основни познавања за системот на урбанистичко планирање и контекстот во кој тоа се реализира.
Запознавање со методите и техниките на урбанистичката анализа, програмирањето и урбанистичкото планирање.
Стекнување основни познавања за видовите урбанистички планови и нивната содржина.
Содржина

Во зимскиот семестар се изучуваат: системот на урбанистичкото планирање, актерите во планирањето, планирањето и јавниот интерес, развојот на методологијата на урбанистичко планирање и фазите на урбанистичко планирање.
Снимање и анализа на постојната состојба на природните чинители и животната средина, населението, активностите и изградениот простор.
Стратегија на развој и програмирање на потребите.
Стратегија на развој на животната средина.
Проекција на развојот на населението, дејностите, домувањето и инфраструктурата.

Во летниот семестар се изучуваат: фазите на урбанистичкото планирање и планирањето на различните наменски целини во градот, планирање на отворените простори и простори осетливи од аспект на нарушување на природната средина,
планирање на регионално и локално ориентирани активности, планирање на сообраќајна и комунална инфраструктура.
Спроведување на планот и следење на неговото остварување и промените во градската и природната средина.

Практична работа: задачи со регулаторни линии, показатели, инсолации, елементи на сообраќај и анализа на градски простор до 10 ха.

Методи на учење Критичка експликација, компаративна анализа, семинари и практична работа врз урбанистички планови.
Фонд на часови 200 (100+100) часови
Распределба на време 60+60+40+0+40 часови
Форми на наставни активности
  • Предавања – теоретска настава: 60 (30+30) часови
  • Вежби (графички, аудиториски и индивидуални): 60 (30+30) часови
Други форми на активност
  • Проектни задачи: 40 (20+20) часови
  • Самостојни задачи: 0 часови
  • Домашно учење: 40 (20+20) часови
Начин на оценување
  • Колоквиуми: 40 бодови
  • Вежби и проектни задачи: 50 бодови
  • Присуство: 10 бодови
Критериуми за оцена до 50 бодови – 5 (F)
51–60 бодови – 6 (E)
61–70 бодови – 7 (D)
71–80 бодови – 8 (C)
81–90 бодови – 9 (B)
91–100 бодови – 10 (A)
Услов за потпис и испит 41 бод (51 во зимски семестар)
Јазик на кој се изведува наставата Македонски
Метод на следење на квалитетот на наставата Анкети на студентите и процес на самоевалуација
Литература

Задолжителна:

  • Berke, P.R., Godschalk, D.R., Kaiser, E.J. Urban Land Use Planning, University of Illinois Press, Urbana, 2006
  • Tošković, D. Uvod u prostorno i urbanističko planiranje, Grosknjiga, Beograd, 1995
  • Hough, M. Cities and Natural Process, Routledge, London, 2004
  • Нојферт, Е. Архитектонско проектирање, Арс Ламина, Скопје, 2009

Дополнителна:

  • (се додаваат по потреба)