Наставен кадар
Предметен наставник
Проф. д-р Јасмина Сиљаноска
| Наставен план/програма на предметот – Урбанистичко планирање 1 | |
|---|---|
| Код | 2.7.34 |
| Студиска програма | Архитектура |
| Организатор |
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Архитектонски факултет – Скопје Институт за урбанизам |
| Степен | Прв циклус на студии |
| Академска година / семестар | II год. / 3 и 4 семестар |
| Број на ЕКТС | 8 (4+4) |
| Наставник | Проф. д-р Јасмина Сиљаноска |
| Предуслов | Нема |
| Цели на програмата | Воведување на студентите во подрачјето на урбанизмот, развивање на перцепција за градските простори и критички дискурс; запознавање со урбоморфолошки својства, методи за анализа, основи на урбанистичко планирање, процеси на трансформација на градските простори и урбанистички концепции од настанокот до денес. |
| Содржина |
Зимски семестар: Вовед во урбанизмот; коегзистенција на историски и современ град; урбанистичко обликување vs планирање; дефиниција на урбаниот простор; градски пејзаж и силуета; јавни простори; структура на изградениот простор; урбоморфолошки својства и морфогенеза. Летен семестар: Развој и преобразба на градот од прединдустриски до современ град; индустриски град; теоретски концепти на 20 век; повоена обнова и постмодернистички концепти. Практичен дел: Зимски семестар – снимање, рекогносцирање и анализа на градски делови; Летен семестар – вовед во урбанистичко обликување, анализа и препроектирање на градски блокови. |
| Методи на учење | Теоретскиот дел: говорно елаборирање и илустрирање; Практичен дел: групно и самостојно разработување преку индуктивна, компаративна и дедуктивна метода; критичка експликација и компаративна анализа на современи референтни практики. |
| Фонд на часови | 200 (100+100) часови |
| Распределба на време | 60+60+50+0+30 часови |
| Форми на активности |
– Предавања: 60 часови (30+30) – Вежби: 60 часови (30+30) – Проектни задачи: 50 часови (25+25) – Самостојни задачи: 0 часови – Домашно учење: 30 часови (15+15) |
| Оценување |
Колоквиум/испит: 30 бодови Графички вежби: 60 бодови Присуство и активност: 10 бодови Вкупно: 100 бодови |
| Критериуми за оценка |
до 50 б. = 5 (F) 51–60 б. = 6 (E) 61–70 б. = 7 (D) 71–80 б. = 8 (C) 81–90 б. = 9 (B) 91–100 б. = 10 (A) |
| Услов за потпис | 41 бод (51 во зимски семестар) |
| Јазик | Македонски |
| Следење на квалитет | Анкети и процес на самоевалуација |
| Литература |
Задолжителна литература: Белешки од предавања, проф. д-р Јасмина Сиљаноска, Читанка на избрани текстови за градот Дополнителна литература: |

