Наставен кадар

Предметен наставник

Проф. д-р Влатко Коробар
Проф. д-р Мирослав Грчев
Проф. д-р Владимир Арсовски
Проф. д-р Јасмина Сиљаноска
Проф. д-р Виктор Пајвански
Доц. д-р Дивна Пенчиќ
Доц. д-р Слободан Велевски

Наставен план/програма на предметот – Урбанистичко студио 1
Наслов на предмет Урбанистичко студио 1
Код 4.1.7-4
Студиска програма Архитектура
Организатор Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Архитектонски факултет – Скопје
Институт за урбанизам
Степен Втор циклус на студии
Академска година/семестар IV год. / 7 сем.
Број на EКТС 9
Наставници Проф. д-р Влатко Коробар, Проф. д-р Мирослав Грчев, Проф. д-р Владимир Арсовски, Проф. д-р Јасмина Сиљаноска, Проф. д-р Виктор Пајвански, Доц. д-р Дивна Пенчиќ, Доц. д-р Слободан Велевски
Предуслов Архитектонско студио 6
Урбанистичко планирање 2
Цели на програмата Основна цел на урбанистичкото студио е студентите да се соочат со реалната комплексност на градскиот феномен, да ги совладаат интердисциплинарните методи и техники за снимање и анализа на една градска ситуација и да ги употребат урбанистичките методи, техники и инструменти да создадат урбанистичко решение кое ќе овозможи хармоничен просторен развој на делот од градот.
Содржина на програмата Содржина на студиската работа се сите професионални практики во урбанистичкото обликување на градот кои се нормирани во содржината на еден детален урбанистички план. Содржината на студиото е организирана во три методски целини:

1. Документациона основа;
2. Анализа на можностите за просторен развој со програмска проекција и дефинирање на урбанистички мерки;
3. Планско урбанистичко решение кое се состои од графички, нумерички и текстуален дел.

Методи на учење Наставата е во форма на студио кое претставува симулација на интердисциплинарна тимска работа преку истражување, анализа, синтеза, евалуација, програмска проекција и планско решение.
Вкупен фонд на часови 225 часа
Распределба на времето 15+105+90+0+15 часови
Форми на активност Предавања – 15 часа
Вежби – 105 часа
Проектни задачи – 90 часа
Самостојни задачи – 0 часа
Домашно учење – 15 часа
Начин на оценување Графички вежби и проектни задачи – 90 бодови
Присуство на предавања и вежби – 10 бодови
Колоквиуми – 0 бодови
Критериум за оцена до 50 б. – 5 (F)
51–60 б. – 6 (E)
61–70 б. – 7 (D)
71–80 б. – 8 (C)
81–90 б. – 9 (B)
91–100 б. – 10 (A)
Услов за потпис 41 бод
Јазик на настава Македонски
Метод на следење на квалитетот Анкети на студентите и процес на самоевалуација
Литература Задолжителна:
Важечка законска и подзаконска регулатива од областа на просторно и урбанистичко планирање.
Литература користена на предметните програми од областа на урбанизмот.

Дополнителна:
Литература во зависност од темата на проектот.